Press "Enter" to skip to content

Пелистер со примени два гола во финишот поразен во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 0:2 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер во првото пролетно коло се поразени во Битола, на стадионто “Петар Милошевски“ од Работнички со 0:2, полувреме 0:0, во натпревар со мелку шанси за гол кај двете екипи, но во 82. минута “романтичарите“ постигнаа гол за водство, а во сдиското време и втор гол.Натпреварот започна со шанса за гостите во 4. минута, а потоа ја имаа и топката кај нив. Во 26. минута се лоб удат се обиде капитенот на зелено-белите, Маневски, а во финишот на првото полувреме Ристовски имаше шанса за Работнички но го погоди дирекот на Пелистер, откако претходно топката погоди некого од домашните.В0 второро полувреме “пелистерци“ започнаа поорганизирано, но без завршница за шанса за гол за водство. Во 82. минута по комбинација по конер, одбиената топка дојде до Рушевиќ кој беше прецизен и Работнички поведе со 0:1, а победата ја заверија во 93. минута со голот на Ристовски.По 18. кола Пелистер останува без победа и со само 5 бода и е напоследното место на табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »