Press "Enter" to skip to content

Снег и сладолед, работи кој најмногу ги сакаат децата, денес во ски-центарот Ниже поле (фотогалерија)

Денес сите кои дојдоа Ниже поле да скијаат, бордаат, санкаат.. и уживаа на ски патеката „Чука“, особено малите вљубеници на планината и снегот беа почастени со сладолед од производителот Цермат. Со тоа имаа прилика да уживаат во двете работи кои најмногу ги сакаат снегот и сладоледот. Екипата на ЈП “Стрежево“ од Битола кои стопанисуваат со ски-центарот “Ниже Поле“ се погрижија за и овој ден, како и цела измината сезона да имаат беспрекорно подготвена патека, а нивниот деловен партнер, “Цермат“ од Битола, најпознат бренд за сладолед кај нас, на младите гости им приредија несекојдневно зимско изненадување, ги послужија со сладолед.“Цермат“ имаше своја презентација, а гоститите имаа дегустација на широката палета на нивни сладоледи, а затоа ги прекинаа сите снежни активности и се препуштија на убавиот вкус на слаткото задоволство.-Сакам да го пофалам “Цермат“ нашиот долгогодишен партнер кои учествува во секојдневната работа во нашиот ски-центар, со нивните слатки производи. На наше заедничко задоволство најдовме разбирање кај менаџментот на “Цермат“ за организација и реализација на оваа денешна презентација и дегустација, која се случува по целата ски-патека, пред чајџилницата…., рече директорот на ЈП “Стрежево“, Менде Граматковски.За целосната реализација на денешниот настан се погрижи раководителот на ски-центарот Горан Марковски кој ни рече:-Денешниот ден пред се значи забава на снег и нормално сладолед. Зимските денови се повеќе се намалуваат, а пристигнуваат потопли денови кога се повеќе ќе конзумираме сладоледот. Денес сите се израдуваа на сладоледот, не само децата, туку и возрасните. Што се однесува пак до крајот не ски сезоната кај нас, мислам дека е рано да кажеме дека нема повеќе скијање, мислиме дека ќе имаме неколку снежни денови во месец февруари. Утре, понеделник нема скијање, а од вторник продолжуваме со дневно и ноќно скијање.-Денес тргнавме од Охрид со облаци, на Буково и Ѓавато имаше дожд и со страв дали ќе има скијање, дојдовме тука. Но не само што се скијаме, туку и домаќините не изненадија со сладолед, што мора да признаеме не го очекувавме. Гледате и само колку се израдува децата, ги оставија скиите и уживаат во сладоледот, се израдуваа повеќе отколку кога им купуваме во лето, ни рече Марија.Иако многумина веруваат во митот дека сладоледот треба да се јаде само во лето, сепак во другите годишни времиња можеме да уживаме во вкусот подолго. Доказ за тоа се многубројните посетители кои одвоија дел од времето да уживаат покрај убавините на Нижеполе во сладоледите на “Цермат“.На Нижеполе се вели дека храната е повкусна,  а денес се покажа дека сладоледот на снег е многу попривлечен отколку во лето.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »