Ним – Еурофарм Пелистер 25:23 (13:12)
Вечерва во Франција екипата на Еурофарм Пелистер во првото овогодишно коло во Европската лига немаше сили до крај да се надигрува со Ним и е поразен со 25:23, полувреме
Еуорофарм Пелистер од Битола отпатува без Мараш и Обрадовиќ, кои добија позитвни резултати за ковид-19 и капитенот Периќ, а во Ним остана и без Божиќ-Павлетиќ и Ојлески, односно на клупата имаше само 12 ракометари.
Првото полувреме започна изесначено, а во 6. минута беше 3:3, потоа и 3:4, а 5:7. Ним го презеде водството 8:7, а “пелистерци имаа и 9:10. На крајот на полувремето беше 13:12.
Вториот дел започна како со +2 за Еурофарм Пелистер 14:16. Потоа Ним ја презеде контролата врз натпреварот и откако поведе со два гола не го испушти водството до конечни 25:23.
Кај Еурофарм Пелистер најефикасни Граџан со 7 и Маџовски и Табоада со 4 гола.