Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: измама при купопродажба на автомобил, приведено лице за издржување казна

На 14.02.2022 во СВР Битола, П.Ј. (35) од Битола пријави дека бил измамен од страна на едно лице. Имено, по претходен телефонски договор за цена за купопродажба на неговиот автомобил со едно лице, П.Ј. требало да оствари средба со него на одредена локација. Според пријавеното, непосредно пред средбата лицето побарало од него да помине во цвеќарница во близина на „Бела чешма“ во Битола и на лице кое ќе чека таму да му остави 24.000 денари за наводна претходно направена нарачка, кои при средбата ќе му бидат вратени. П.Ј. направил според договорот, но на договореното место за средба немало никој, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.02.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за крим полиција и Полициската станица при СВР Битола од мотел во близина на автобуската станица во Битола привеле 27 годишник од Прилеп. Тој се барал по наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »