Press "Enter" to skip to content

Акциска контрола на СВР Битола: три возила што вршат јавен превоз имале неисправни сопирачки

Полициски службеници од СВР Битола денеска (16.02.2022) од 13.00 до 17 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

При контролата, биле откриени и санкционирани три возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

Од нив две возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »