Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19, од Битола се 58.
Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од Битола се 113.
До сега во Битола има 13.849 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 409 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица, едно лице од Битола.
Направени во Битола се 139 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 97 и “Плодност“ 42.
Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.