Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер продолжија со победите, се вратија од -16 против Еуро Никел (фотогалерија)

Пелистер – Еуро Никел 93:84

Кошаракарите Пелистер вечерва во Битола ја запиша 15. победа по ред во првата лига, откако славеа против Еуро Никел со 93:84 и тоа откако се вратија од 16 поени разлика, во прекрасен кошаркарски амбиент пред илјада гледачи, а меѓу нив и навивачката група “Чкембари“. “Пелистерци“ игра преморени и без Младеновски и Ѓуроски. Натпреварот започна со 0:4, а потоа и серија 0:12. Во 9. минута предноста првпат стана двоцифрена, а на почетокот од вториот квартал дојде и до највисоки +15. Потоа “пелистерци“ анулираа половина од разликата на Еуро Никел, а на одмор се отиде со 44:51.По одморот разликата се намали на -5, а во 27. минута Еуро Никел дојде до највисоки +16,  а третата четвртина заврши со резултат 67:71. Четвтата четвртина започна со прво водство на Пелистер со 73:71, а потоа дојде на +7. На крај битолчани извојуваа победа од 93:84.Најефикасни кај Пелистер беа Малешевиќ со 26 и Кесар со 18 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »