Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски, тренер на Пелистер: одигравме одличен натпревар и перфектен амбиент

Кошаркарите на Пелистер, синоќа во Битола, во спорстката сала “Боро Чурлевски“ потешко од очекувањата ја победија екипата на Еуро Никел и ја продолжија серијата победи 15 од 15 кола.

Кавадарчани се покажаа како добра екипа, но “пелистерци“ предводени од тренерот Марјан Илиевски покажаа дека не се случајно лидери, а во текот на целиот натпревар имаа поддршка од навивачите, а по подолго време се вратија и “Чкембарите“.По натпреварот Марјан Илиевски, се осврна на некои фактори кои го одлучија натпреварот, односно Пелистер се врати од -16 и дојде до победа, како што се заморот, ковид, повредите.

-Можам да го истакнам густиот распоред и шестиот натпревар во десет дена за нашата екипа. Патувањата си зедоа своја цена, тука е и болеста на Младеновски. Еуро Никел е поинаква екипа од првиот дел, имаат две засилувања, и странско и домашно. Одигравме одличен натпревар и перфектен амбиент. Лошо го отворивме натпреварот, гостите беа непогрешливи за три поени и создадоа голема разлика. Тие реализираа 50 поени во првиот дел и тешко е да се вратиш по таков почеток. Морам да им честитам на карактерот на моите кошаркари и на навивачите кои беа наш шести играч. Да не беа „Чкембарите“ немаше да се радуваме. 

More from СпортMore posts in Спорт »