Press "Enter" to skip to content

Поскапувањето на горивата причина за протест на група битолчани организирани од “Кар клуб – Битола“

Како што беше претходно најавено од страна на здруженито вљубеници во автомобилизмот “Кар клуб – Битола“ денес во траење од еден час, на Булеварот, пред зградата на Општина Битола беше одржа мирен протест со блокирање на улицата. 

Причината поради која се протестираше се превисоките цени на горивата, а како рекоа организаторите, требало барем пред некоја недела да се замрзнат цените на горивата. Претседателот на здруженито вљубеници во автомобилизмот “Кар клуб – Битола“, Александар Станковиќ рече:

-Се решивме со мирен протест да изразиме незадоволство, а потоа сме во пеговори со сите поголеми клубови низ Македонија, ако треба и на блокирање магистрали, а ова е почеток на локално ниво. Иако сме, сега  пред Општина Битола, најпогодно место е, знаеме дека локална самоуправа нема врска со Регулаторна комисија, меѓутоа мора некаде да се почне. Знаеме дека нашиот народ е навикнат да пишува само по социјални мрежи, никој не презема ништо, седи со скрстени раце, па еве ние на почеток како “Кар клуб Битола“ се решивме да почнеме. 

Организаторите велат дека договорено вакви протести да се одржуваат барем еднаш неделно, а ако е потребно и повеќе пати неделно. Имаат поддршка од други здруженија, а за намалување на цените предлагаат:

-Има начини доколку државата сака да излезе во пресрет. Знаеме дека од цените на горивата зависат сите други цени, сите други покачувања се поради цените на горивата. Можеби треба да се намали акцизата. 

More from ВестиMore posts in Вести »