Press "Enter" to skip to content

Ски-центарот “Ниже Поле“ одличен и за ноќно рекреативно планинарење (фотогалерија)

Да се престојува на Баба планина во било кое време е убаво искуство, но престојот на планина со екипата на ЈП “Стрежево“ од Битола која се грижи битолчани да имаат одлично подготвена ски-патека, добра услуга во чајџилницата и секако граѓаните да бидат навремено кога ќе работи ски-центарот и во каква состојба е, беше невообичано искуство.Искусниот возач на ратракот, Кире Анастовски, и длабоко во ноќта како и дење, безбедно не пренесе од чајџилницата до врвот Чука од каде го има најдобриот поглед кон ски-центарот.-На патеката со ратракот сум многу години и ја познавам патеката по секоја педа. Со ратракот је подготвувам петеката, но секако сум на располагање за посетителите и за не дај боже, кога има повреда или некоја друга потреба. Оваа сезона на ски-патеката сум 35 дена и секојдневно ја подготвувам за денско и ноќно скијање. Работата е посебна привилегија, сум на планина и се грижам патеката да е одлилно подготвена и битолчани да уживаат во скијањето, санкањето, е сега и во бордањето, ни рече Кире Анастовски, кој се леснотија ја искачи стрмната патека.А од врвот Чука посебен поглед кон Баба планина, кон врвовите, кон Пелистер, но за жал облачноста ни го намали уживањето во ноќната панорама.-Иако сме тука години поради секојдневните работни обврски ретко кој од нас се има искачено тука ноќе, а морам да признам дека и мене ми е ова прво ноќно доаѓање тука на последната станица од ски-лифтот. Погледот е преубав, а се надевам дека ќе го повторам. За ски-центарот се е кажано, се е познато, но би сакал да ги поканам сите кои не се скијаат да пешачат, да се искачат тука или на околните врвови кои не се многу високи и се иделни за рекреативно планинарство, секако при добри временски услови како што се вечерва, ни рече Горан Марковски, раководител на ски-центарот “Ниже поле“.На Чука беше и екипата на ЈП “Стрежево“ која се грижи битолчани преку социјалните мрежи и медиумите да ги информира за дневната состојба на ски-патеката, за тоа дали ќе има дневно и ноќно скијање, а и за тоа каква е атмосферата и расположението во ски-центарот. Екипата која редовно ги информира битолчани Александар, Владимир, Васко и Димче и синоќа направи форографии од фото апарат и дрон, како и видео од дрон, а тоа го “сподели“ на социјалните мрежи.-Секојдневно сме во ски-центарот, а иако имаме работни места кои не се директно поврзани со центарот, ние сме дел од тимот кој работи тука. Се надевам дека сите кои грижиме за битолчани да бидат правовремено да добиваат информации за состојбата во центарот им помагаме да гостите околу нивното доаѓање, вели Александар Вангеловски, а сите додаваат дека се радуваат на секој нов посетител, без разлика дали е лето или зима.

Текст и фото. С. Ристевски