Press "Enter" to skip to content

“СН Осигурителен Брокер“ донираше во три училишта и една градинка во Битола 

Како дел од стратегијата за општествена одговорност во рамките на програмата за поддршка на училиштата и градинките и оваа учебна година “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола реализираше неколку донации. Школски мебел, односно нови маси и столови се донирани во основното училиште „Даме Груев“ во Битола. Со оваа донација е опремен кабинетот по физика.

-Општествената одговорност претставува важен дел од корпоративната стратегија на “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола. Во рамките на програмата за поддршка на училиштата и градинките нашата цел е да придонесеме за подобрување на квалитетот на образованието и воопшто унапредување на условите во воспитно образовниот процес. На тој начин го поддржуваме развојот на вештините и знаењата кај младите овозможувајќи им фер шанса за едукација и стекнување практични вештини, велат од “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола.Со донација од “СН Осигурителен брокер“ е опремена и една училница во прво одделение во основното училиште “Свети Климент Охридски“ во Битола. Во основното училиште “Елпида Караманди“ во Битола е донирана интерактивна табла која овозможува современи услови за изведување и следење на наставата. Воедно, нов школски мебел, односно маси и столчиња се обезбедени и за децата од градинката „Коца Василева“ во Битола.

Основа на нашата стратегија за општествена одговорност е поддршката на заедница преку соработка и креирање на долгорочни партнерства со локалните институции, велат од компанијата.   Покрај поддршката на воспитно образовните институции “СН Осигурителен брокер“ во повеќе наврати донира и во медицинските установи, вклучувајќи ја и поддршката на вакциналните пунктови, како и во областа на културата и спортот.