Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Денес, четврток, 17 февруар, во Битола, според прогнозите не метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне умерено до значително облачно, попладне ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.

Утре, петок, 18 февруар, во Битола времето ќе биде наутро на места со умерена до значителна облачност. Во тек на претпладнето облачноста ќе се намали и потоа ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 15 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »