Со одлука на Извршниот Комитет на Унијата на Мласи сили на ВМРО-ДПМНЕ, за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е назначен Мартин Ивановски.
-Благодарение на ИК на УМС предводен од претседателот Сергеј Попов, врачена ми е позицијата Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола.Чест и привилегија е да се биде предводник на најголемата општинска младинска структура во Република Македонија, вели Мартин Ивановски.
Во наредните денови Ивановски ќе започне постапка за формирање на новиот ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, се со цел побрзо започнување со активности и работа.
Ивановски доаѓа на местото н а досегашниот претседател на УСМ во Битола, Марко Јосифовски.