Press "Enter" to skip to content

“Систина Офталмологија“ – Битола со изненадување за дел од гледачите на концертот посветен на Френк Синатра 

Уметноста треба да се поддржува. Стремежот таа да се создава е возможен само ако компаниите негуваат култура на поддршка и спонзорирање на квалитетни настани. Така, Систина Офталмологија Битола викендов го спонзорираше “LOVE O’CLOCK – Fly me to the Moon“ концертот на Битолскиот дувачки оркестар и вокалистката Јасна Димитровска.-Музиката се слуша, но само со очите можеме комплетно да уживаме во сценскиот настап на концертите. Цениме уметност и секогаш кога можеме поддржуваме квалитетни настани во кои ќе ужива бројна публика, истакнаа од “Систина Офталмологија“.Тие приредија и едно мало изненадување во тек на концертот. Актерот Никола Стефанов кој беше водител таа вечер, ги замоли гледачите во салата да побараат дали на нивното седиште е сокриен коверт.Така, неколку од гостите беа добитници на ВИП преглед во “Систина Офталмологија“ – Битола, кој работи со одличен стручен тим, кој го предводи нашата позната битолска докторка Александра Гочева Јерчиќ, специјалист офталмолог.На концертот беа исполенти седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра а специјален гостин на концертот беше Нико Ѓоргиевски.