Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 57.
Регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти од Битола се 47.
До сега во Битола има 13.962 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 422 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица, едно починато лице е од Битола.
Направени во Битола се 137 тестови преку ЦЈЗ Битола 97 и преку “Плодност“ 40.
Досега во земјата се направени вкупно 1.862.041 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, на починати е 8.869, а бројот на активни случаи изнесува 8.143.