Press "Enter" to skip to content

Во Заводот и музеј промовиран Музејскиот зборник број 24 (фото)

Денес во Битола беше промовиран Музејскиот зборник број 24, кој го издаде НУ Завод и Музеј од Битола, во кој се поместени голем број стручни и искуствени научни трудови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и уметноста како дел од нашето културно наследство.

На промоцијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна:-Особени ми е чест што дум во Музеј во Битола каде го промовираме Зборикот кој доби финансирање од Министерството за култура. Се работи за квалитетна едиција од разни области, кои остават краен печат за заштита на културното наследство. Мојата амбиција е да ги охрабрам луѓето, особено децата и младите, да го истражуваат богатото и разновидно културно наследство и да размислуваат за местото што го зазема во животот на сите. На промоцијата директорката на Завод и Музеј, Мери Стојанова која рече:-Оваа книга во континуитет се оздава скоро 40-тина години, а Министертсвото за култура целосно го финансира издавањето на овој зборник, бидејќи тие го препознаа квалитетот и традицијата на издавање на овој музејски зборник и се  надевам дека ќе продолжат со кофинансирање. Во зборникот се поместени трудови кои иницијално се поврзани со дејноста на заводите и музеите. Тука не се трудови на само на автори кои се вработени во Завод и музеј, туку и на автори од други институти и институции од државата. На промоцијата зборуваше и претседателот на редакцискиот одбор Енгин Насух кој рече дека се радува што се објави 24. по ред Зборник на трудови, дека традицијата се продолжува, и дека жолтата и темно црвената боја и зборникот е првото нешто кое тој го забележал пред триесетина години кога за прв пат се вработил во Заводот и Музеј во Битола. Роберт Трајкоски историчар се осврна на значењето на овој Зборник на трудови.

Книгата претставува избор од содржини поврзани со многу димензии и форми на културата, а и оваа година, како и минатата, Министерството за култура издвои 170.000 денари за негова реализација.Инаку, членови на редакцискиот одбор се Надежда Георгиева, Оливера Макриевска, Владо Ѓоревски и д-р Александар Литовски, технички секретар и уредник е м-р Јове Парговски.

More from ВестиMore posts in Вести »