Press "Enter" to skip to content

Започна продажбата на влезници за натреварот Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денес започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен кој ќе се одигра во Битола во вторник, 22 февруари – 18:45 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“.

Билетите по цена од 250 денари може да се купат во:

– билетарница на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола пред почетокот на натпреварот
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за присуство имаат љубителите на ракометот со: вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »