Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведено лице за агресивно однесување кон полицајци, оштетен споменикот на бранителите, сообраќајни контроли

На 18.02.2022 во 11.00 часот на ул. „Столарска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 23 годишник од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2022 во 10.30 часот во СВР Битола било пријавено дека бил оштетен споменикот на бранителите, лоциран кај градскиот часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 51 возач. Од нив 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а шест надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.