Press "Enter" to skip to content

Во Битола 42 нови позитивни на ковид-19, оздравени 98, активни 371 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 42.

Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од Битола се 98.

До сега во Битола има 14.009 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 371 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица, нема од Битола.

Во Битола се направени се 156 ковид-19 тестови преку ЦЈЗ Битола 103 и преку “Плодност“ 53.

Досега во земјата се направени вкупно 1.866.119 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.