Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите, Радовиш победен во Битола

Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 35:23 (16:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 по поразот во последното коло се вратија со победа во Битола над екипата на Радовиш и со новите бодови се искачија на третото место на табелата во Супер ракометната лига и го потврдија играњето во плеј-офот.

Младите “пелистерци“ уште на стартот на натпреварот направија серија од 4:0 со што покажаа дека бодовите ќе останат во Битола. По неколку минути беше 9:4, а по повеќе измени во тимот на Еурофарм Пелистер разликата и на одмор заминаа со +2, (16:14).

Во продолженито Пелистер заигра добро и кон средината на вториот дел, во 43. минута беше +6. На крај “пелистерци“ завршија со +12 (35:23).

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Емилијан Ѓорговски и Петар Атанасијевиќ со по 6 гола.

More from СпортMore posts in Спорт »