Press "Enter" to skip to content

Камерниот оркестар заедно со Каролина, Виктор, Ламбе… како и секогаш со одличен концерт за битолчани (фотогалерија)

Синоќа во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концерот на Камерниот оркестар заедн0 со вокални интерпретарори  кои ги разнежнија срцата на битолчани и уште еднаш ги потсетија на големите музички звезди Тоше Проевски и Аки Рахимовски кои негуваа врски Битола. Концерт на Камерниот оркестар го надополнија и ги испеаја хитовите на Тоше и Аки Каролина Гочева, Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски, Боран Стојков.Дел од песните беа испеани и во придружба на хорот на Државното музичко училиште од Битола, а како и секогаш Камерниот оркестар беше под диригентската палка на Владимир Димовски.Битолчани се потсетија и емотивни реагираа на големите хитови на Тоше и Аки кои ги испеаја, може да се каже одамна, а заедно сите ги пееја хитовите “Дојди“, “Цреша“, “ За овој свет“, “Боже не ми треба ништо друго“…Синоќа поради уште важечките места беше само половина од салата исполнета со пиублика, но затоа вечерва ќе се одри уште еден концерт, а да потсетиме дека двата концерти беа распродадени во рекордно време, за час и половина, во редица долга 50 метри.

Текст и фото: Сашо Ристевски