Пелистер – Макпетрол Б 7:1
(3.213 – 3.134)
Кугларите на Пелистер ги продолжија натпреварите во Македонската кугларска лига, а вечерва на свој терен, во кугланата во спортската сала во Битола ја победија екипата на макпетрол Б со резултат 7:1 или според соборени дрвца 3.313 – 3.134. За екипата на Пелистер настапија Игор Михајловски кој собори 526 дрвца, Цане Поповски – 557, Никола Андоновски – 522, Архан Арслановски – 524, Влатко Трајчевски – 526 и Пецо Димовски – 558.
-По зимската пауза и добро одработените подготовки на екипата во Битола и по куларскиот викенд во Војводина, Србија, ова беше наш прв натпревар оваа календарска година. Одигравме сите одлично, а можам само да им честитам на момците за играта. Се надевам дека ќе продолжиме во овој правец и понатаму, но секако ќе ни биде проблем тоа што поради протоколите и позитивните случаи кај кугларите од сите клубови не го знаеме точниот распоред на натпреварите, вели Игор Михајловски, тренер на Пелистер.