Press "Enter" to skip to content

Мицковски во Битола, отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонискиот регион (фото)

Денес во хотел “Епинал“ во Битола партијата ВМРО-ДПМНЕ имаше отчет на градоначалниците од Пелагонискиот регион, на кој присуствување претседателот на партијата Христијан Мицкоски неговито потпретседател Александар Николовски, а домаќин им беше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Отчетот го отвори претседателот Христијан Мицковски кој рече дека за разлика од СДСМ и ДУИ кои заедно имаат градоначалници во повеќе од 20 општини и дека и по 100 дена ниту отчет е виден, ниту некој излезе и кажа што е сработено во изминатите 100 дена, но затоа тие тоа го прават по втор пат овој пат во Битола:-Овде во градот на конзулите во Битола сакам да им порачам дека колку повеќе тие измислуваат и критикуваат и омаловажуваат тоа што е сработено изминативе 100 дена толку подлабоко тонат во очите на граѓаните. А, тоа ќе го почувствуваат на следниве предвремени парламентарни избори, кога граѓаните конечно еднаш засекогаш ќе стават крај на оваа измамничка и криминална коалиција преводена од ДУИ а администриран од СДСМ. Ги менуваме општините. Новите градоначлалници носат проекти и промени кои буквално се чувствуваат и гледаат. И да ако некој прашува дали ќе се избориме, ќе се избориме за нови победи. Надежта е родена и таа ќе победи. Затоа што наша задача и наша обврска се промените кои што носат иднина за секој еден граѓанин во нашата Македонија“ рече претседателот на партијата.Мицкоски се осврна и на тековните активности на политичката сцена во државата, за националното единство, за преговорите со Бугарија, за што рече дека верува дека може да се постигне разумен напредок во врска со спорот со Бугарија без да биде потценета ниту една од двете страни. За разумно решение кое ќе ги рефлектира македонските европски аспирации, но и подготвеноста на нашиот источен сосед да помогне на држава сосед, на држава пријател и држава чиј главен интерес е иднината на македонскиот народ и на граѓаните. Мицкоски изрази сомневање дека барањата на Бугарија и она за што преговара премиерот Ковачевски е многу подлабоко отколку промена на Уставот и вметнување на бугарското малцинство во него. На маса се, истакна, и македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст.Потпретседателот на партијата Александар Николоски, рече дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на делот на реализиација на проекти, на промени, и на делот кој што носи иднина. -Власта во овие 100 дена правеше се за да ја попречи работата на општините, па затоа се толкави долговите на истите и затоа не стигаат дотациите од буџетот. Со ваквата блокада според него власта сака да ги казни градоначалниците, но заборава дека го казнува народот кој ќе ја казни на локалните избори и ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори. Во такви услови тие мислат дека доколку ги казнат општините и доколку не помогнат на општините ќе ги казнат градоначалниците, но во суштина го казнуваат народот, а народот не е наивен.Градоначалничкот на Битола, Тони Коњановски на почетокто на својот отчет рече дека после 100 дена од градоначалничкиот мандат, му претставува чест што, почитувајќи ги принципите на транспарентност и отвореност, може да претстави проекти, кои го трасираат патот на нашата заложба – ДА СОЗДАДЕМЕ НОВА ИДНИНА ЗА БИТОЛА.Коњановски во својот отчет се осврна на несоодветното менаџирање на претходната локална самоуправа, за завршивме 1.100 предмети за легализација, отежнато движење низ градот, оштетувањето на Мостот кај Безистенот, акција за чистење на сите диви депонии кои беа детектирани, но и спроведуваме мапирање, со цел спречување на појава на нови депонии.За кучиња скитници по битолските улици, за зголемување на буџетот во програмата за животна средина за 4.500.000 денари, предвидувајќи субвенционирања по низа основи, предвидените средства за подготовка на проектна документација за двата капитални проекти кои ќе бидат реализирани од оваа локална самоуправа: изградба на противпожарна единица и спортски комплекс, за воведување на нов концепт наречен „Зимска приказна“.-Воведовме начин на стимулација на талентираните и наградени ученици, вклучување на младите во процесите на одлучување преку локалниот младински совет, партнерство и со невладиниот сектор, обезбедуваме услови за грижа за сите ранливи категории на граѓани, застанавме зад Фудбалскиот клуб Пелистер, спречивме финансиски колапс на кошаркарскиот клуб и обезбедивме можности за понатамошни високи резултати, рече Коњановски.-Туристичкиот потенцијал кој го поседува Битола, неопходно е да биде ставен во функција на развој на градот, преку комуникација со претставници од туристичкиот сектор, со случајот Планинарски дом „Копанки“, започнавме подготовки за поддршка на неговата реконструкција, а новите инвестиции во општината, се директно поврзани со нејзината урбанистичка и инфраструктурна подготвеност. Пристапивме кон подготовки за донесување на нов генерален урбанистички план. Општина Битола е подготвена за реализација на проектот за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици.  Работиме на изградба на нови паркови, канализациони мрежи, донесување на стратегија за економски развој, но и проекти од областа на енергетската ефикасност, кои се особено важни во состојбата во која се наоѓа државата.Направеното во изминатите 100 дена е потврда на нашата посветеност, со која продолжуваме да работиме на локално ниво, но и со регионална координација преку Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. Битола, мора да доликува на конзулски град во кој културното наследство соодветно се вреднува, заштитува, промовира и се става во функција на развој на градот.  Започнатите проекти, гарантираат успех и голема промена за чии бенефити најдобра потврда ќе бидат среќни граѓани во економски развиена општина.

More from ВестиMore posts in Вести »