–Една од препозматливите спортски манифестации која е препознатлива за Битола е “Пелистерскиот велеслалом“ кој се одржува на ски-патеката Бегова Чешма – Копанки од 1960 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Во 2012 година “Пелистерскиот велеслалом“ беше организиран од планинарското спортско друштво Пелистер со поддршка од АД “Електрани на Македонија“ -ЕЛЕМ по пауза од неколку години, со што се возобнови атрактивната спортска манифестација на Баба Планина, а на ски-патеката се одржаа неколку трки со ревијален карактер. Стартот на патеката беше на надморска височина од 1.540 метри, додека целта на 1.460 метри, вели Миновски.
-На ски-патеката благодарение на директната помош и поддршка на ЕЛЕМ, РЕК
Битола и ФОД, целосно се реконструирани и обновени ски-центарот “Копанки“, жичарниците и други придружни содржини на Баба Планина. Годинава има и многу снег
што ни овозможи да ја возобновиме атрактивната трка “Пелистерски велеслалом“ која првпат се одржа во далечната 1960 година, беше речено на прес-конференцијата која се одржа во хотел “Молика“ за тогашниот велеслалом.