Press "Enter" to skip to content

Од аеро клубот до “Ловец“ се реконструира улица “Македонска фаланга“

Со работни активности на улицата „Македонска фаланга“, започна новата градежна сезона во Битола. Со инфраструктурните зафати предвидена е промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.338.027 денари.

На вториот дел од улицата „Солунска“, во тек е промена на канализационата мрежа, а ќе следува и промена на водоводната мрежа и асфалтирање на улицата, до комплетно завршување на проектот.

Увид на динамиката на градежните работи на двете локации, денес изврши градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски