Press "Enter" to skip to content

In memoriam: проф. д-р Драги Михајловски, писател и преведувач

Денес, по долги години боледување, на 71 годишн возраст почина прод. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир, преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекува Македонски Шекспир.

Драги Михајловски е роден 16 октомври 1951 г0дина во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирал англиски јазик и книжевност на Фололошкиот факултет во Скопје, м агистрирал на Филолошкиот факултет („Книжевниот лик на Скендербеј кај Прличев и во делата на англиски јазик“), а докторирал исто така во Скопје, “Очудување и можни преводни модели врз примери од англиската поезија“). Од 1976 година работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од каде и се пензионира, како редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето.

Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година, на ПЕН на Македонија од 1992 година, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД, од 1998 година. Бил уредник на книжевните списанија Lettre Internationale, Стожер, Стремеж, член на Сенатот на УКИМ  – Скопје, а две години (2007-2008) бил и претседател на Комисијата за издавачка дејност во  Министерството за култура.

Неговата прва збирка раскази Речно улиште (1981) ја доби наградата за најдобра дебитантска книга на Книжевната младина на Македонија. Во 1990 година излезе од печат неговата многу популарна збирка раскази Ѓон, во 1991 книгата есеи и преводи Нераспнати богови, а во 1994 година збирката раскази Скок со стап, за која ја доби највисоката книжевна награда за проза во Македонија, Рациново признание. Во 1995 година ја објави многу саканата, двојазична (англиски- македонски) книга за деца Волшебното котле и други бајки, а во 1999 година збирката раскази Триполската капија. Во 2000 година беше печатена неговата двојазична (англиски- македонски) книга за деца Сиромавиот и чучурлигата, во 2001 година неговиот прв роман Пророкот од Дискантрија, а во 2002 година романот Смртта на дијакот (преведен на бугарски од Здравка Итева, на српски од Билјана Андоновска и на словенечки од Намита Субиото како еден од десетте избрани најдобри словенски романи на Балканот!) за кој ја доби престижната награда „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Во 2002 година излезе од печат и првото издание (подоцна има уште неколку!) На студијата од областа на преведувањето Под Вавилон: задачата на преведувачот, во 2003 година збирката раскази Раскази од шести кат, а во 2006 година романот Мојот Скендербеј (преведен на албански од Нехас Сопај), за кој повторно ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување. Во текот на 2004 година е колумнист на весникот „Дневник“, а резултат е книгата Колумни објавена на крајот од истата година. Во 2007 година во списанието „Стремеж“ печатена е неговата драма Шарена убавина, а има направено и драматизација на две бајки, германската Носко (2016) и народната македонска Трите самовили (2016). Во 2009 година се објавени неговиот роман Бајазит и Оливера (преведен на англиски од Ричард Гофран и на српски од Гордана Јовиќ Стојковска), како и збирката раскази Пеперуткарот. Во 2014 излезе од печат збирката новели и раскази Глинениот човек, како и романот Должници, а во 2015 година збирката раскази Раскази и споредбени коментари. Романот Швајцарија на Балканите (2016) е негово петто романескно остварување.

Преведе од англиски на македонски јазик 37 драми и 154 сонети од Шекспир, како и многу други дела.

Дибитник на е на наградите Рациново признание за книгата раскази „Скок со стап“, награда „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), Наградата “Глигор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир (2006), награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).

More from ВестиMore posts in Вести »