Универзитет Тетово – Пелистер Волеј 0:3
(24:26; 19:25; 17:25)
Во рамките на Првата државна лига на Македонија одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, во Тетово, го одиграа 14. коло, последно есенско. Со сигурна и убедлива победа над еден од директните конкуренти, Универзитет Тетово, освои 3 бода и се искачи на петтото место по прва фаза 1, од каде и стартуваме како 1 во пласирани во плеј-аут серијата.
За овој натпревар, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:
-Голема и важна победа со одлична и пожртвувана игра во секој сегмент. Несомнено денес најдобар поединец е коректорката Ивана Белокозовска, која освои фантастични 21 поен. Секако, честитки до сите наши играчи, како и до домаќинот за одличната организација и пожртвувана игра, која иако навидум личеше на едноставна победа, сепак на терен беше доста жешко.
Наредната сабота започнува пролетната фаза 2, а оваа победа на “пелистерки“ и ги зголемува шансите не само за опстанок, туку и за висок пласман.
Поените ги освоија: Ивана Белокозовска 21, Ана Ивановиќ 14, Ева Трпеновска 9, Стефани Најдановска 6, Меланија Каралиоска 6 и Михаела Цветановска 5.