Љубителите на ракометот од Битола по два месеци пауза од меѓународни натпревари вечерва се вратија во спортката сала “Боро Чурлевски“ и си ги зазедоа местата каде што “седат“ на ракометните натпревари и се препознатливи по тоа.Првиот годинашен меѓународен натпревар во Битола дојде по гостувањето во Белград каде ококу стотина навивали ги бодреа “пелистерци“ до првата победа во СЕХА лигата, а вечерва сите ја прославија и првата годинашна победа во Европската лига.
Љубителите на ракометот дружето во салата го започнаа во фан-зоната која поради лошото време беше сместена во под трибинскиот простор на јужната и северната трибина, каде се “загреаја“ со пиво.
А потоа на трибините најпрво можеше да се забележи одличен декор, поради тоа што најголем дел имаа дресови на својот омилен клуб за кога новиваат Еурофарм Пелистер, а секако и по громогласното навивање од двете трибини, “диригирано“ од делот каде се сместени “Чкембарите“.
Убав натпревар, на моненти нервозен, неколкупати изедначување, но на крај заслужена победа на битолчани за потврда на второто место во “Д“ групата.
Оние кои беа во салата уживаа во целовечерната ракометна претстава, а за оние кое не беа во “Боро Чурлевски“ ќе се обидеме да и пренесеме низ фотогалерија како беше на трибините и како навиваа, се радуваа и прославија битолчани.
Фото: Сашо Ристевски