Press "Enter" to skip to content

Стартуваше “Амерички пул билјард“ во двете дивизии, битолчани во врвот

Започна Државното првенство на Македонија во “Амерички пул билјард“ кое се одржа во Скопје, во “Гран клуб“ кој важи за еден од подобрите клубови на Балканот ако не и пошироко.

Оваа натпреварувачка сезона е предвидено да заврши во годината која почна, а не како досега во две календарски години. Играчите се поделени во две квалитативни категории и тоа “А“ и “Б“ дивизија со тоа што во елитата има 16 фиксни играчи, а последните 4-ца испаѓаат во “Б“ дивизијата од каде што најдобрите 4-ца влегуваат во најквалитетното натпреварување.

Во “Б“ дивизијата се натпреваруваа 34 играчи и полека се наѕира создавањето на билјардската еуфорија во државата како по бројот на играчите така и по тоа колку се повеќе има интересенти за купување на билјардска опрема.

Битола на овој Мастерс се претстави со 8 играчи во Втората лига по квалитет, а во најдобро светло се покажаа Николче Србиновски кој на своето деби го освои третото место и Златко Ицановски кој беше финалист.  Судејќи според квалитетот и според искуството Ицановски би требало без проблеми да избори пласман кај најдобрите каде што и реално и припаѓа.

Во “А“ дивизијата имавме 4-ца играчи, а добар пласман оствари Илче Трајковски со освоено 5. место додека Димитар Симовски – Рашка беше најпријатното изненадување со освоеното трето место и само потврди дека минатосезонското освојување на “Б дивизијата не било случајно.

Општ впечаток е дека Битола се претстави добро и играчки и по бројност бидејќи веќе традиционално сме најмногубројни, но сепак мора да се напомене поради многу играчи кои што немаат никакви искуства од вакви натпревари ќе мора по се изгледа да се прележат некои детски болести и со многу тренирање сигурно ќе има уште подобри резултати.

Вреди да се напомене дека од оваа година судии на сите турнири ќе бидат битолчаните Горан Думевски – Панчо и Горан Петровски – Сајкал, кои што се претставија во одлично светло на задоволство на сите играчи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »