Press "Enter" to skip to content

Стипе Мандалиниќ: не очекува интересен натпревар, ќе видиме кој ќе биде епилогот

Еурофарм Пелистер денес, во Битола, со почеток во 18,45 часот ќе се одигра натпреварот против екипата на Кадетен Шафхаузен, со кој во првата средба во Швајцарија играа нерешено. Екипата на Еурофарм Пелистер иако има проблеми околу составувањето на тимот, Стипе Мандалиниќ за вечерашниот натпревар вели:

-Знаеме каква екипа е Кадетен Шафхаузен. Игравме со нив лани, еве, сега пак ги имаме во групата. Се работи за сериозна екипа, со доста добри поединци, но ние покажавме во меѓусебните натпревари дека и ние имаме што да кажеме и дека ние не сме тим со кој ќе пројдат туку-така. Се подготвувавме добро и мислам дека имаме добра прилика да направиме чекор напред за разлика од минатата сезона, така што ни доаѓа интересен натпревар и ќе видиме кој ќе биде епилогот.

-За разлика од првиот натпревар, сигурно дека тимот ќе биде засилен, им се вратија играчи кои се важни за нив на чело со шпанскиот репрезентативец Жоан Кањељас кој е доста искусен и тоа се виде на Европското првенство. Тој е еден од најважните играчи. Тука е и голманот Пилиповиќ кој е доста добар. Кадетен Шафхаузен игра паметно и долго, не можам да кажам дека се здодевни, но мора да го издржиме тој специфичен ритам и таа концентрација која ја користат на дуелите.

More from СпортMore posts in Спорт »