Денес, 23 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 11 степени.
Утре, 24 февруар, во Битола времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност претежно во претпладневните часови. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата во Битола до 9 степени.