Press "Enter" to skip to content

Мојсов: планот беше перфектно спроведен и ни донесе победа, Периќ: покажавме дека сме добар тим сме и растеме

Екипата на Еурофарм не само што ги израдува љубителите на ракометот во Битола со победата над Кадетен Шафхаузан се зацврсти на второто, а остана и во игра за првото место во групата во Европската лига на ЕХФ, туку и поради начинот на кој дојдоа до пебедата, мудро со игра во која “изгинаа“ 60 минути.

На официјалната прес-конференција по натпреварот, помошниот тренер на Еурофарм Пелистер, Божифар Мојсов, истакна дека целиот тим играл според планот на тренерот Бабиќ и стручниот штаб и дека ги исполнил сите очекувања кои биле зацртани.-Очекувавме тежок натпревар и без разлика на тоа што имавме многу проблеми, момците покажаа дека имаме карактер и заслужуваме да бидеме протагонисти во оваа Европска лига. Тимот одигра максимално, спроведе според договореното. Имавме план и тој план го реализиравме. Сите играчи одговорија на задачите, мора да им честитаме на нивната игра. Уште еднаш покажаа дека се вистински шампиони.

Јосип, Периќ, босанскиот плејмејкер,беше клучниот играч на натпреварот, постигна 7 гола, а и аплаузот од публиката за него беше најсилен, на пресот рече:-Одигравме една вистинска шаховска партија. Физички, беше тежок натпревар, но мислам дека добро бевме подготвени и ментално и тактички. Го контролиравме натпреварот шеесет минути, покажавме добар карактер. Во последните минути нашиот голман беше клучен и ни донесе победа и бодови. Демонстриравме дека сме добар тим и дека растеме од меч во натпревар“.

Тренерот Адалстејн Ејолфсон вели дека Еурофарм Пелистер имаше мудар план и играше свој ритам во текот на целиот натпревар и додаде:

-Домаќинот имаше мудар план, играше свој ритам во текот на целиот меч. Навистина натпреварот беше по терк каков што го подготвуваа. Ние имавме свои шанси, пропуштивме можност да освоиме бодови и ќе мора да ги бараме на некој друг терен, за да се пласираме во следната фаза.

More from СпортMore posts in Спорт »