Започнувајќи од денеска сите седници на Комисиите кои работат во склоп на оваа институција ќе бидат објавени на “you tube“ каналот на Општина Битола, со што на нашите сограѓани ќе им се овозможи увид во работата, дебатите кои се водат и одлуките кои се носат во овие работни тела составени од советниците.
На заеднички состанок со претседателите на сите комисии беше разгледан и начинот на закажување и одржување на комисиите.
Распоредот за одржување на истите ќе биде редовно објавуван и ажуриран од страна на општинските служби.