Ротаријанците го одбележуваат 23. феврури – Меѓународниот ден на Ротари заедницата која годинава прослава 117 години Ротари во светот, а 13 години од основањето прослави Ротари клубот “Битола Широк сокак”. Прославата која беше прославена работно во организирање трибина се одржа во винарија “Чифлик“. На почетокот на одбележување на роденденот се емитуваше краток документарен филм кој беше снимен со децата во градинката “Пролет“ од Битола кои кажуваат што за нив значат зборовите ковид, вакцина, срце… односно кои се нивните размисли кога ќе се споменат овие зборови.
Наташа Несторовска член на Ротари клубот на почетокот на одбележување на годишнината се осврна на идејата на Ротаријанците.
-Припадниците на Ротари заедницата во целиот свет го прославуваат 23. февруари како меѓународен ден на Ротаријанците. Движењето Ротари започна со визијата на еден човек – Paul Harris, адвокат од Чикаго, кој го формираше првиот Ротари Клуб во Чикаго на 23 февруари 1905 година, со цел професионалци од различни професии да разменуваат идеи, да создаваат пријателства и да помагаат на заедницата. Тое е денот кога се одржал првиот состанок на првиот Ротари клуб во Чикаго во 1905 година, рече Несторовска, која и се зблагодари на директорката Лидија Твирст за соработката, која продолжува и понатаму.
Претседателот на Клубот, Владимир Христовски да се обрати на присутните, на почетокот на своето обраќање се осврна на формирањето на Ротари Клубот Битола Широк сокак и рече:
-Месецот февруари е и месецот кога и иницијативниот одбор за формирање на Ротари Клубот Битола Широк сокак, а на 19-ти 2009 февруари го одржа и првиот иницијален состанок на иницијатива на Сашо Додовски кој имаше јасна визија за избор на членови на клубот. Иницијативата се покажа оправдана, бидејќи проектите и иницијативите кои Клубот ги организираше во изминатите 13 години, го направија препознатлив не само во Општината Битола, туку и пошироко и има 29 члена. Мотото на Ротари “Служба над своите интереси” е и основното мото на членовите на Клубот, кои несебично издввојуваат свои средства, време и труд, со цел подобрување на животот на заедницата во која живееме.
Христовски за одбележувањето на годишнината рече:
-Ротари Клубот Битола Широк Сокак одлучи овој јубилеј да го одбележи преку организирање на денешната трибина, која има мошне актуелна и интересна тема, за што ми претставува особена чест и задоволство да ја поздравам др. Жаклина Сервини, субспецијалист кардиолог при Клиничката Болница Битола, која ја прифати нашата покана денес да зборува на тема: ”Компликции после COVID – 19 инфекција”. Вирусот COVID -19 за жал во последните 2 години комплетно го измени животот на луѓето во целиот свет и последиците од истото се присутни и ќе бидат присутни уште долго.
Претседателот наброја и дел од активностите во изминатите 13 години кои ги имаа реализирано членовите на клубот, како што големиот број на донации кои ги имаат донирано во разни институции и поединци како Клиничка болница и Заводот “Кочо Рацин“, организирање на новогодишен базар на плоштадот “Магнолија“, проект за пошумување за 85 илјади садници, доделена против пожарна опрема за НП “Пелистер“, подарени мандолини за КУД “Стив Наумов“, помагање на матурантите без родители, Малиот битолски Монмарт, форморање на “Интеракт“, како и организирање на голем број на трибини на кои се третирале актуелни теми и случувања, контактите и збратимувањата со голем број клубови од државата и странство.
На одбележувањето присуствуваше Раде Христовски, иден гувернер на дистрихтот 1912 на Република Словенија и Република Македонија, претседателот на Ротари клубот Битола – Дејан Крстанов, членови на Ротар клубот Битола Широк Сокак, Интеракт, подмладокот на Клубот, пријатели и поддржувачи на Клубот.
Одбележувањето на двата јубилеи заврши со одржување трибина на тема “Компликции после COVID – 19 инфекција, на која зборуваше и одговараше д-р Жаклина Сервини, субспецијалист кардиолог, вработена во Клиничката Болница Битола.

Ротари клубот “Битола Широк сокак” го прослави 13. роденден (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Извештај на СВР Битола за јануари и февруари за преземени мерки и активности од недозволена трговија со оружје
- Општина Битола: јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди
- СВР Битола: приведено лице барано со потерница
- Понудата и побарувачката на вештини презентирани на ФИКТ – Битола
- Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“