На 23.02.2022 во 13.45 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 26 и 32 години од Битола.
Тие биле затекнати при извршување кражба од објект во изградба.
Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а тие биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.