Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Илија Кочовски, ликовен уметник

Во Битола на 77 возраст почина познатиот македонски уметник Илија Кочовски. Кочовски е роден во Битола 1945 година. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје и Академија за ликовна уметност во Белград.

Во ликовното творештво и на јавни ликовни манифестации присутен е од 1967 година. Кочовски е ликовен уметник кој со своите уметнички експозиции ја афирмира битолската ликовна сцена низ светот. Член е на ДЛУБ, ДЛУМ и на Ликовната група ,,77“.

Има организирано повеќе самостојни изложби во Битола, Тржич и Крањ (Р. Словенија), Неготино, Велес, Скопjе, Софија.

Учествувал на голем број групни изложби низ целиот свет, меѓу кои: Париз (Франција), Лондон, Глазгов (Англија), Стокхолм (Шведска), Буенос Аирес (Аргентина), Белград (Србија), Софија, Варна (Бугарија), Канагава (Јапонија), Мелбурн (Австралија), Харков (Украина), Рациборш (Полска), Вироинвал (Белгија), Прахова (Романија), Анкара, Истан бул (Турција).

Добитник е на голем број награди од кои се издвојуваат: ЛИКУМ, Годишна изложба ДЛУМ 1985, Ноемвриска награда на Уметничка галерија Битола; 1988, Ноемвриска награ да за извонредни резултати во твореш твото Битола; 1991, Диплома на 1. Меѓународно графичко триенале Битола; 1994, Откупна награда на НУБ ,,Климент Охрид ски“ 1995, Мајска награда на ДЛУБ; 1996, Мијачки зографи, 27. Графичка изложба на ДЛУМ; 1998, наградата 4-Ноември на град Битола; 1999, Награда за Ex Libris Ријека-Хрватска; 2006, Награда ,,Б. Траиковски“ на ДЛУБ, Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »