Press "Enter" to skip to content

Вечер нова премиера на НТБ Битола, “Демони“ во режија на Васил Христов

За вечерва, петок, 25 февруар, е закажана првата премиера за оваа календарска година на Народниот театар од Битола, насловена “Демони“, од Ларс Норен во режија на Васил Христов, која за прв пат ќе биде изведена на македонската театарска сцена.

Претставата е интимна модерна анти-бајка за два пара, навидум сосема различни но поврзани во несреќата, траумата, неможноста да љубат… Во “Демони“ улогата на Катарина ја толкува актерката Илина Чоревска, улогата на Френк, пак, ја толкува актерот Огнен Дранговски, а на сцената под ротација во Битолскиот театар ќе настапат и актерите Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.

Според Битолскиот театар заинтересираност за претставата од страна на битолската публика е огромна, а билетите за премиерата биле целосно распродадени за само 24 часа.

Превод од англиски: Снежана Крајчевска Плушковска

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Андреј Ѓоргиевски

Играат:

Катарина…….. ИЛИНА ЧОРЕВСКА
Фрeнк……… ОГНЕН ДРАНГОВСКИ
Јена……… МАРИЈА СТЕФАНОВСКА
Томас………ЗДРАВКО СТОЈМИРОВ

Инспициент: Димитар Михајловски

Суфлер: Мирјана Христовска

Тон- мајстор: Александар Димитровски

Светло-мајстор: Игор Мицевски

More from ВестиMore posts in Вести »