Press "Enter" to skip to content

Во Битола 31 нови позитивни на ковид-19, оздравени 20, активни 296 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19, од новозаболните во Битола се 31 случај.

Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти од Битола се 20.

Направените во Битола се вкупно 118 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 89 и преку “Плодност“ 29.

До сега во Битола има 14.207 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 296 случаи.

Од деветте починати лица четири, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 296 229, бројот на оздравени пациенти е 282 604, на починати е 8 981 а на активни случаи изнесува 4.644.