Press "Enter" to skip to content

Граѓаните се позаинтересирани за приватно здравствено осигурување

Кај најбрзорастечката класа во осигурувањето – приватното здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година девет осигурителни компании во државата исплатиле 3,4 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во претходната 2020 година во која поради здравствената пандемија почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа.

Ова го покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување, што упатува на тоа дека атрактивноста на приватното здравствено осигурување расте, а со тоа расте и побарувачката за истото, вели Мануела Крчаноска, соработник за приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола.

-Секојдневното работење и животот носат многу непредвидливи ризици. Затоа СН Осигурителен брокер ги нуди сите видови на осигурување, вклучително и во областа на приватното здравственото осигурување. Пакетот “SN EuroHealth” кој што го нудиме не само што обезбедува покритие за голем број здравствени ризици, туку има и исклучително поволна цена од само 515 денари месечно. Тоа овозможува лекување во приватни болници по достапни цен, вели Крчаноска.

Приватното здравствено осигурување станува уште позначајно во актуелните услови на Ковид пандемија. За разлика од оптоварениот јавен здравствен систем, приватно здравствено осигурување нуди брз и лесен пристап до квалитетна здравствена услуга во приватните болници, навремена дијагностика и резултати.

-Преку овој пакет осигурениците по достапна цена можат да се лекуваат во сите приватни здравствени установи во Македонија и со тоа ќе имаат помали трошоци за здравствени услуги. Полисата за приватно здравствено осигурување обезбедува финансиска стабилност при непредвидени здравствени ситуации, посочува Крчаноска.

Со приватното здравствено осигурување  се покриваат трошоците за следниве здравствени услуги:

-Специјалистички прегледи;

-Основни  дијагностички мерења, снимања;

-Лабораториски анализи и испитувања;

-Амбулантски интервенции;

-Амбулантска рехабилитација;

-Комплексни дијагностички постапки;

-Трошоци за лекови пропишани на розов рецепт над 300ден.

-Дневна болница и дневна хирургија;

-Болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат;

-Трошоци во случај на оперативни зафати  во согласност со Листата на операции.

-Дел од стоматолошки интервенции.

Подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонските броеви 075 807 225, 076 355 585 и 15 770.