Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со “пасат“ повредил велосипедист

На 24.02.2022 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница помеѓу  ул.„Крушево“ и ул.„Питу Гули“ во Битола, патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 62 лице од Битола, удрило во велосипед управуван од 52 годишник од Битола.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од екипа СВР Битола.