Дијабетесот или шеќерната болест е хронично заболување каде што постои пореметување на метаболизмот, не само на шеќерите, туку и на мастите и белковините. Високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува малите крвни садови. Кај лугето со дијабетес еден од најчувствителните органи е окото, зашто во него има многу мали и многу осетливи на високите нивоа на шеќер крвни садови.
Kaj пациентите со дијабетес очите можат да бидат засегнати на различен начин. Чести бактериски инфекции и честа појава на јачмени можат да бидат прв знак за постоење дијабетес. Високите вредности на шеќер во крвта може да доведе до рано заматување на природната леќа (катаракта) со брза прогресија.
Најсериозна компликација од дијабетсот е дијабетичната ретинопатија и е една од водечките причини за слепило во светски рамки. Тоа е болест на задниот сегмент на окото која го нарушува комфорот на живот во целина. Секојдневните активности се отежнати, како последица на нив, тешко распознаваат фини детали, но и лица, предмети, бои и букви, а видот тешко се адаптира при премин од темна во светла просторија. Тогаш доаѓа до оштетување на внатрешната обвивка на окото – ретината, која е изградена од нервни клетки, фоторецептори, крвни садови и други помошни клетки кои помагаат во преносот на видниот сигнал. Во раниот стадиум на дијабетична ретинопатија симптомии нема, но кај пациентите во понапредна форма може да гледаат црни точки, флеки и сенки во видното поле. Оваа состојба во зависност од стадиумот може да се лекува медикаментозно со Анти – ВЕГФ третмани преку инјектирање на интраокуларна инекција или со хируршка интервенција наречена витректомија.
ВЕГФ е протеин кој природно го има во нашиот организам и е одговорен за формирање на нови крвни садови поради намалено количество на кислород во крвотокот. Терапијата анти – ВЕГФ го спречува прекумереното продуцирање на овој протеин. Овие лекови го блокираат факторот кој е одговорен за формирање на нови крвни садови и крварења по ретината. Со помош на Анти – ВЕГФ терапија, вашиот вид може да се подобри или да се спречи негово влошување.
Најдобар резултат има кога Анти – ВЕГФ третманот се применува кога промените на ретината се во рана фаза. Затоа секој кој има дијабет мора да прави редовна контрола на очите, најмалку еднаш во годината. Прегледот треба да се состои од ширење на зеници и темелен преглед на очното дно.
Апликацијата на овие лекови се прави во стерилни услови, во операциона сала, третманот е безболен затоа што се изведува со анестезија во вид на капки кои се ставаат во окото. После тоа пациентот си оди дома и според утврдениот протокол и во комуникација со докторот доаѓа на контрола кога и се прави ОЦТ снимање (снимање кое се вика оптичка кохерентна томографија) за да се следи прогресот. Потоа заедно со офталмологот ги договараат договараат следните чекори на третман.
Систина Офталмологија Битола ги има сите услови и врши апликација на овие инјекции. Доктор Александра Гочева Јерчиќ успешно ја третира оваа болест со апликација на анти ВЕГФ третман.
Сите прегледи и интервенции а со тоа и апликацијата на овие инјекции за цело време на ковид пандемијата се се одвиваат непречено.