Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес до 11 степени, утре значајно заладување и можен снег

Денес, сабота, 26 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 11 степени.

Утре, недела, 27 февруар, во Битола времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »