Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 45 возачи возеле пребрзо

На 25.02.2022 полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 45 возачи.

18 санкции се изречени на територија на Демир Хисар, 13 санкции на територија на Ресен,  7 на  територијата на Македонски Брод,  1 санкција на територија на Прилеп и 6 санкции на територијата на  Битола. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »