Press "Enter" to skip to content

Александар Петровиќ е нов тренер на МЗТ Скопје

Довчерашниот тренер на Навико Академија ФМП, Александар Петровиќ ќе биде нов тренер на МЗТ Скопје.

Александар Петровиќ, својата тренерска кариера ја започна во Битола, во Пелистер, а претходно два пати бил тренер на МЗТ Скопје од 2001 до 2007 и од 2009 до 2011 година, а на публиката во “Јане Сандански“ им остана во срцата затоа што имаше огромен придонес во борбата, клубот да се спаси од згаснување, во периодот на најголема криза.

Александар Петровиќ како тренер покрај во Пелистер бил и во Карпош Соколи, Куманово и Навико Академија ФМП, а неговиот тим е пријатно изненадување во Првата лига оваа сезона.

Оваа сезона екипата на Пелистер е без пораз, а најголем противник за титулата ќе му биде токму екипата на МЗТ Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »