Press "Enter" to skip to content

“Панк Мобил“ слави 10 години

Успеавме бидејќи и најобичните работи се обидуваме да ги правиме невообичаено добро веќе 10 години. 

Нашите клиенти не добиваат само производи и услуги, добиваат и пријателски однос, позитивна енергија и приказна која трае точно 10 години. 

Тоа што сме денес започна со една храбра одлука пред 10 години. Продажбата е променлива работа, но нашата посветеност и услуга е константа веќе 10 години. 

Предизвиците беа наше гориво на успехот. 

Можеме…за нас беше најважниот збор во сите изминати години. Од денешна дистанца можеме само едно да заклучиме: Успехот за 10 години работа не е во тоа што имаш денес, туку во тоа што си после 10 години.

Дали беа лесни овие 10 години? Не, но што е важно, кога знаеме колку вреди успехот денес.

И овој јубилеј не е настан, туку само доказ дека растењето е процес. Треба да бидеш поинаков, за да кажеш дека 10 години се само одличен старт. Така се чувствуваме и денес кога гледаме напред кон иднината. Низ минатото, не правевме големи работи, туку правевме мали работи на голем начин. Нема невозможни нешта кога си посветен на работата.

Успехот за 10 години има две букви, ДА за се! Мал круг и големи визии…тоа се нашите 10 години, тим од еден дипломиран антрополог, една математичарка и еден хемичар кои храбро пловат во светот на мобилните телефони.Зошто? Затоа што ти можеш да бидеш сѐ што сакаш, ако сакаш…. Ние сме херои на нашето време 10 години.

Ваши Горан, Николина и Тихо-панкерите од “ПАНК МОБИЛ“

More from КомерцијаMore posts in Комерција »