Снегот кој утров започна да врне во Битола нема да дозволи да се игра прволигашки фудбал во на стадионот “Петар Милошевски“ под Тумбекафе и ќе биде презакажан.
Пелистер денес требаше да биде домаќин на натпреварот против Ренова, но овој дуел мора да биде одложен, а требаше да се одигра од 14 часот.
Исто така и во првиот дел од актуелната сезона беше одложуван натпревар во Битола поради временски непогоди, како оној меч Пелистер – Вардар.