Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер Волеј во Битола од Вардар Жени (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Вардар Жени 1:3

(18:25, 15:25,  25:21, 18:25)

Одбојкарките на Пелистер Волеј се вратија во нивната “одбојкарска база“ во салата на Медицинското училипте во Битола, каде беа поразени од екипата на Вардар Жени, во натпревар каде одиграа рамноправно во сите сетови, но искуството беше на страната на гостинките.Иако се поразни со 1:3, сепак не ги разочараа љубителите на одбојката во Битола, кои по подолго време ги наполнија трибините и ги бодреа за секој поен.Тренерот на одб0јкарките на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за оваа средба рече:-Пораз од еден сосема поинаков Вардар со засилувања речиси на секоја позиција и со два нови странски играчи, но пораз во една пристојна и допадлива игра, во која Пелистер Волеј рамноправно се бореше за секој поен во речиси 2 часа игра. Загубивме прекрасна предност во првиот сет, го загубивме вториот, го добивме третиот сет, а имавме убава можност да стигнеме и до 2:2…но сепак оваа екипа на гостите покажа дека со право ќе бара место меѓу најдобрите за наредната сезона.Пелистер Волеј и по овој пораз ја задржува првата позиција на табелата во плеј-аут серијата која штотуку започна.Поените ги освоија: Ана Ивановиќ 12, Ивана Белокозовска 12, Меланија Каралиоска 9, Ева Трпеновска 5, Михаела Цветановска 5, Стефани Најдановска 4 и Емилија Бицевска 1.Пелистер Волеј во среда во Битола ќе го игра 1/8 финалето од Купот против екипата на Младост УГД од Штип.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »