Борец – Топ Гол 1:0
Во стартниот натпревар од пролетниот дел на првенството во ПМФ за жени екипата на Топ гол од Битола загуби во Велес од екипата на Борец. Натпреварот се одигра на градскиот стадион во Велес битолчанки загубија со конечен резултат од 1:0.
-На овој натпревар заслуживме да земеме барем бод, а според играта можевме и да победиме. Имавме можност на два пати да го отвориме резултатот, но не реализиравме зицери од кои потешко беше да се промаши одколку да се погоди. Примивме премногу наивен гол, но бевме рамноправен противник за време на целиот натпревар. Ќе мора да работиме уште повеќе на реализацијата во следниот период, изјави Кире Грбевски шеф на стручниот штаб на Топ гол.
За Топ гол настапија: Талевска, Петровска, Љондевска, Милевска,Димитровска, Талевска М., Гоцевска, Давчева, Стојчевска, Стевановска и Т.Сточевска уште играа Трајчевска, Јовановска, Неделковска и Гроздевска.
Следното коло Топ гол во гостува во Дојран против СЦ Истатов.