Press "Enter" to skip to content

Аптека “Роса Вита“ организира дензитометриски скрининг за остеопороза

Мерење густина на коските со дензитометар Ge Lunar Achilles

 Стручна препорака за диетотерапија и превентивни телесни вежби

-Остеопорозата е состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, што доведува до зголемена кршливост на коските и последователен ризик од фрактури (скршеници).

-Остеопенијата е всушност раниот стадиум на остеопороза, која може да започне на 35 годишна возраст, со прогресивно намалување на коскената маса. Ризикот за фрактури на коските понатаму се дуплира на секои 10 години, како за жени, така и за мажи.-Се проценува дека повеќе од 60.000 Македонци постари од 50 години имаат остеопороза.

-Жените над 45 години кај нас имаат почести хоспитализации за остеопоротични скршеници отколку за карцином на дојките.

-1 од 4 жени и 1 од 20 мажи над 65 години кај нас има остеопороза.

-Остепорозата е “тивко заболување,” што значи дека нема симптоми. Остеопорозата најчесто се открива случајно, откако веќе настанала скршеница. Кога имате остепороза, скршениците може да настанат и по едноставно сопнување и паѓање, а понекогаш и без тоа.

Најчестите повреди на лица заболени од остепороза се: скршен рачен зглоб, скршен колк,  скршени пршлени

 Времетраењето на процедурата е само 5 минути и важи САМО СО ПРЕТХОДНО ЗАКАЖАН ТЕРМИН како би се избегнале гужви. Максимумот кој може да го обезбедиме се 60 пациенти на ден. 

ЗАКАЖЕТЕ термин преку порака на Facebook или Instagram

Телефон за ЗАКАЖУВАЊЕ: +389 75 373 271

Мерењето ќе се спроведува во четврток на 03.03 и петок на 04.03 

More from КомерцијаMore posts in Комерција »