Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и студено

Денес, понеделник, 28 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со можни врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.

Утре, вторник, 1 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со можни врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.